ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Падна првиот снег на Маврово и на Шара, хотелиерите загрижени

Падот на температурите го донесе и првиот снег на Шара и Маврово.

Advertisements

И покрај снежните врнежи кои продолжија и денеска во планинскиот дел, патиштата на највисоките села на Шарпланина се чисти и проодни.

„Доаѓам од Бродец.“
Како е патот, дали е прооден или има мраз?
„Денеска е проодно, нема ништо, чисто е“, вели еден локален жител.

Синоќешните врнежи од снег кои продолжија и денеска го најавуваат отворањето на скијачката сезони или зимската туристичка сезона во туристичкото место Попова Шапка. Но, за жал, според изјавите на сопствениците на хотелски капацитети, единствените подготвени за почетокот на оваа зимска сезона се само хотелските капацитети, но не и државата или ЕЛЕМ.

“Ние сме подготвени и чекаме гости, но информациите што ги имаме се разочарувачки во врска со ЕЛЕМ или ЕЛЕМ Турс, бидејќи колку што знаеме, тие не направиле никакви подготовки и нивното функционирање оваа сезона е доведено во прашање”, вели Хашим Асани, сопственик на хотел.

Раководството на Попова Шапка не сакаше да ја коментираат загриженоста на сопствениците на хотели. Инвестициите што беа најавени за Попова Шапка се заборавени. Овој туристички центар се соочува со проблеми со канализација, осветлување и недостаток на паркинзи чие решение се ветува со години.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button