ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вработена во кабинетот на Вељаноски победи во Стразбург за притворот за „27 април“

За три месеци државата е должна да ѝ плати 1.600 евра на Елена Дочевска Божиновска од ВМРО-ДПМНЕ. Ова се случува откако Европскиот суд за човекови права во Стразбур, донесе пресуда во која се наведува дека во постапката за изрекување мерка притвор во претходна постапка за неа за настаните од 27 април била прекршена Европската конвенција за човекови права.

Advertisements

„Судот утврди дека постои повреда на член 5, став 4 од Конвенцијата поради несоодветно поднесување на жалбата на јавниот обвинител против определувањето на домашниот притвор на жалителот“, наведуваат од Европскиот суд за човекови права.

Имено, правосудните институции во земјава не одговориле навреме на жалбите кои Дочевска-Божиновска ги поднела за притворот, со што со месеци го одложувале донесувањето на одлуката за укинување на мерката. За ова, државата мора да ѝ плати 750 евра отштета, плус 850 евра судски трошоци.

Дончевска Божиновска, која инаку беше опфатена со законот за амнестија кој беше донесен во 2018 година, односно скоро една година по настанот, на Фејсбук денеска напиша дека не сака пари, туку правда. Од друга страна, како победа на правдата, а пораз за Владата, ВМРО-ДПМНЕ ја пофали оваа одлука на Европскиот суд на правдата.

Елена Дочевска Божиновска во моментов е општински советник во Куманово, а во времето кога толпата хулигани влезе во зградата на законодавниот дом, односно на 27 април 2017 година, таа беше вработена во кабинетот на тогашниот спикер, Трајко Вељаноски.

Минатиот месец се навршија 6 години од овој настан во кој беа повредени пратеници и новинари. И покрај тоа, речиси никој од осудените не се чувствува виновен. Претходно овој месец, Врховниот суд ги отфрли жалбите за вонредна проверка на важечките пресуди. Обвинетите се осудени на вкупно 211 години затвор.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button