ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски ги потпиша указите за петте закони за изградба на коридорите 8 и 10д

Претседателот Стево Пендаровски денеска соопшти дека ги потпишал указите за прогласување на петте закони за изградба на коридорите 8 и 10д. Како што рече на прес-конференција, секоја заинтерсирана страна има право да поднесе иницијатива за оценка на уставноста на секој од овие закони, вклучувајќи го и оној за измени и дополнувања на Законот за работни односи за кој реагираа дел од синдикатите, дел од граѓанските здруженија и некои политички партии.

Advertisements

Според шефот на државата, по консултации со експерти е утврдено дека Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи не ја содржи оспорената одредба од Уставниот суд која предвидуваше дека „работното време на секој работник може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината“.

-Изминативе денови направив низа консултации во однос на уставноста на новиот текст на законот со експерти од областа на трудовото право, со поранешни судии на Уставниот суд и со советниците во мојот Кабинет. По сумирањето на различните мислења донесов одлука да го потпишам Указот за прогласување на овој закон, и на останатите четири закони. Сепак, имајќи ги предвид приговорите на дел од синдикатите, дел од граѓанските здруженија кои работат во оваа сфера, како и на некои политички партии укажувам дека секоја заинтересирана страна има право да поднесе иницијатива за оценка на уставноста на секој закон, вклучително и на овој закон. Уставниот суд е единствената институција во нашиот правен поредок која го дава последниот збор во однос на уставноста на законите и има на располагање механизми со кои може брзо и ефикасно да донесе соодветна одлука, ако така смета, истакна Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button