ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните најмногу ги интересира стандардот, политиката е подолу во листата

Уставни измени, Отворен Балкан, преговори со ЕУ и разни други политички случувања политичарите секојдневно ги сервираат како главна храна во чинијата, но граѓаните се заинтересирани само за животниот стандард и високите цени со кои се соочуваат секој ден. Во анкета за Алсат, повеќето граѓани велат дека воопшто не сакаат да слушнат за политика, а некои од нив покажуваат интерес за европските интеграции, но само откако ќе оценат дека тоа ќе го подобри животниот стандард.

Advertisements

„Нормалното живеење, но не е сигурно. Политиката не ме интересира затоа што сè е лага. Што ве интересира најмногу? Ме интересира животот, младината за што многу сум загрижен, но тоа се случува“…

„Животниот стандард. Каква политика, не знам политика јас“, велат граѓаните.

И податоците од истражувањето на Националниот демократски институт велат дека огромното мнозинство граѓани најмногу ги интересира животниот стандард, ниските плати и пензии. Потоа ги загрижува криминалот и корупцијата, инфлацијата и невработеноста. Интеграцијата во ЕУ и отвореното прашање со Бугарија на оваа листа се наоѓаат на петтото место.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button