РЕГИОН

Курти: „Меѓународните фактори да ја осудат српската агресија од 14 јуни“

Курти: „Меѓународните фактори да ја осудат српската агресија од 14 јуни“

Косовскиот премиер вели дека државата прави сè за тројцата полицајци што поскоро да бидат ослободени. Ттие паднаа во рацете на српската жандармерија на 14 јуни во близина на границата со Србија, кога, според властите во Косово, биле киднапирани од српските сили. Но, Србија соопшти дека ги уапсила длабоко на српска територија. Судот во Краљево им изрече 30 дневен притвор. (Изјава)

Advertisements

„Уште еднаш ги повикуваме меѓународните фактори да ја осудат српската агресија на 14 јуни, кога нивните специјални воени и полициски единици ги киднапираа нашите полицајци, од антитерористичката единица и од армиската „Кобра“, тројца наши полицајци во Лепосавиќ, кои беа точно до затворена илегална шверцерска рута. Според веста што ја имаме, најверојатно на почетокот на следната недела, амбасадорот Јетиш Јашари, кој е шеф на Канцеларијата за врски во Белград, ќе може да ги посети овие тројца полицајци“, изјави Албин Курти, премиер на Косово/ Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button