
Нашата држава нема регистар каде треба да се идентификуваат бездомниците, а тоа значи дека институциите не знаат колку точно граѓани не можат да си ги дозволат најосновните работи за живот, па ни здравствената заштита. Ова станува уште потешко кога некој од нив нема ниту документи за идентификација. Тони Станковски, член на едно од граѓанските здруженија вклучени во проектот вели дека целта им била не само да ги вдомат бездомниците, туку и да ги едуцираат како да се однесуваат во нова средина, да се навикнат на одржување на хигиената и да им се понуди помош при вадењето документи.
Повеќе од илјада луѓе во земјава не можат да си дозволат здравствена заштита. Овој проект се спроведува веќе две години во С Македонија и е финансиран од австриски здравствени институции.
Според податоците на Македонската платформа, во 2020 година имало минимално зголемување на сиромаштијата во однос на 2019 година. Сè уште нема податоци за последните две години. Но, според анализите на теренот, граѓаните се посиромашни од претходните години.
Еви Шкопи