ЗАБАВА

Во Тетово започнува филмскиот фестивал „Watch OUT“

Во Тетово започнува филмскиот фестивал „Watch OUT“

Фестивалот Watch OUT се враќа во тетовската јавност со своето единаесетто издание. Ќе започне утре, а секој ден во наредните четири дена, во Спомен куќата на комунистите во Тетово ќе се прикажуваат филмови од три категории, анимирани, документарни и кратки. На денешната конференција беа прогласени и победниците од ова издание.

„Победници на фестивалот се „Familar Stranger“ од Сингапур, „Ние сме земјата“ од Франција и филмот што доаѓа во соработка помеѓу Аргентина и Венецуела“, изјави Егзона Муслиу – координатор.

Филмовите обработуваат актуелни теми, војни, социјала и слично, а поради големиот интерес директорот на фестивалот Бујар Лума повика на негово проширување.

„Она што ние како ЛОЈА продолжуваме да го правиме е да го развиваме овој фестивал и да го креваме гласот за заштитениот јавен простор, затоа мислам дека овој филмски фестивал е најдобар знак за тоа, особено оваа година кога имавме филмови и текови кои ние ги нарекуваме ангажирана уметност“, рече Бујар Лума – директор на филмскиот фестивал WATCH OUT.

Жирито кое ги избра материјалите е составено од Арбен Жарку, Ѓорѓи Јовановиќ од С Македонија, како и Фабијан Ланген од Германија, познат снимател.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button