ВЕСТИЗАБАВА

Продолжува штрајкот на приватните специјализанти

Незадоволни од последната одлука на Владата, приватните специјализанти трет ден по ред го продолжија штрајкот. Оценуваат дека одлуката на Владата за законското решение по изборите не исполнува ниту едно нивно барање и се употребуваат истите лажни ветувања кои веќе неколку пати ги слушнале. Штрајкот ќе продолжи и понатаму.

Професорката на Клиниката за ревматологија, Љубинка Дамјаноска Крстиќ им даде поддршка на приватните специјализанти, посочувајќи дека работат многу, но за возврат добиваат малку. Вели дека без нив одделенијата функционираат многу тешко и побара надлежните да најдат решение за проблемот.

Владата на вчерашната седница одлучи по изборите да се подготват предлози за законски решенија кои ќе ги предвидат општите права и обврски на приватните специјализанти. Тие бараат зголемување на платите и усогласување на нивниот статус. Во моментов целосно го бојкотираат работниот процес.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button