ВЕСТИЗДРАВСТВО

Штрајк на вработените во „геријатрија“

Вработените во речиси секоја здравствена установа се незадоволни од својот статус во однос на посветеноста и работата што ја вршат. Самостојниот синдикат на геријатриската и палијативна болница „13 Ноември“ протестираше за повисоки плати, бенефициран стаж, инфективен додаток за сите вработени и промена на општиот колективен договор. Првиот човек на синдикатот Лазо Костовски истакна дека ниту една Влада нема слух за проблемите кои се јавуваат во здравството.

Според Синдикатот, условите за давање здравствени услуги во некои одделенија се катастрофални. Дури, од овој синдикат рекоа дека се соочуваат со недостиг на кадар, но оти власта ги игнорира нивните постојани апели за нови вработувања.

Мелихте Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button