ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: Ќе разговараме со крило во ВМРО ДПМНЕ кое е за уставни измени

Владата ќе ги достави уставните амандмани до Собранието кога ќе се исцрпат сите обиди за консензус. Министерот за надворешни работи Бујар Османи не даде конкретни рокови до кога ќе бидат доставени измените до законодавниот дом. Според Османи, во ВМРО-ДПМНЕ веќе има луѓе кои ги поддржуваат уставните измени. Шефот на дипломатијата вели дека ќе се сретне со пратеници и функционери на ВМРО-ДПМНЕ за да ги убеди ,а не да врши притисок да ги поддржат уставните измени.

Advertisements

„Тоа значи дека во ВМРО-ДПМНЕ има луѓе, според мои информации, според наши информации, кои упорно тврдат дека не треба да да ја испуштиме можноста дека сега во Уставот се прави јасна дистинкција дека Бугарите се малцинство овде. Тоа значи целосна идеолошка линија во ВМРО-ДПМНЕ кои ги разбираат последиците од изолацијата на државата и влегувањето во втората лента“, рече Османи.

Но, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драги Ковачки рече дека изјавите на Османи не се точни, туку манипулации за дефокусирање на јавноста од криминалот на ДУИ.

Од друга страна, во однос на замената на 20 отсто со албански во Уставот, Османи оценува дека сега не е време, наведувајќи ја војната во Украина како и руското влијание кое според него може да го искористи моментот за да предизвика инциденти.

„Ние цениме дека сега не треба да бидеме причина или алиби за оние кои сакаат Северна Македонија да биде изолирана од интеграциите во ЕУ, да стане ранлива земја за странски влијанија, вклучително и руски влијанија, во контекст кога имаме војна во Европа а потоа некој ќе има корист на штета на нашите интереси како Албанци, како Македонци и како Северна Македонија“, рече Османи.

На ваквиот однос на Бујар Османи реагираше пратеникот на Движењето БЕСА, Фадил Зендели. Тој вели дека за ДУИ и Бујар Османи јазикот и вредностите на Албанците не се важни. Според Зендели, ваквите ставови на функционерите на ДУИ докажуваат дека се немоќни да го условат СДСМ за албанскиот јазик бидејќи се вмешани во криминал и корупција.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button