ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Локализиран пожарот во судот во Куманово

Пожарот кој ноќеска ги зафати подрумските простории на Основниот суд во Куманово е локализиран, но една екипа е останата на терен.
„Пожарот е локализиран, но има уште една екипа која проверува“, велат од кумановската Противпожарна единица.
Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од ТППЕ Куманово од 01:35 часот интервенирале на опожарени подрумски простории во зградата на Основен суд во Куманово, каде што се наоѓа архива на Судот. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две возила.
Претседателката на судот Снежана Манев вели дека противпожарните екипи сè уште се на терен.