ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Недостасува хоризонтална сигнализација на тетовските улици

Во последно време низ тетовските улици, особено споредните, се помалку се забележуваат одбележани пешачки премини или разделни линии. Пешачките премини не се одбележани и на патишта кои се завршени пред 6 месеци. Од Секторот за внатрешни работи Тетово велат дека вршат чести контроли, и од локалните власти е побарано да преземат мерки за повторно одбележување на белите линии.

Advertisements

„СВР Тетово во секој период од годината врши набљудувања на терен, и овој период, направивме проверки и каде е констатирано дека нема бели линии што означуваат раздвојување на коловозните ленти има изготвено соодветен извештај и побарано е од надлежните органи тие да бидат исцртани што поскоро за пешаците да имаат појасен увид каде треба да го преминат коловозот, а возачите да можат јасно да видат и до каде е границата на лентата по која се движат“, рече Фатмир Реџепи, Портпаролол на СВР Тетово.

Од Општина Тетово недостатокот на бели линии го објаснуваат со прашинната и високите температури, што влијаеле на нивно брзо отстранување.

„Факт е дека линиите по завршувањето на работата за кратко време го губат изгледот, за што побаравме појаснување од самата компанија, од каде ни беше објаснето дека линиите се покриени од прашина и поради големата топлина асфалтот испушта течност која ги покрива белите линии, а тоа не само кај нас туку секаде во нашата земја. Затоа ја паузиравме линиската работа до стабилизирање на температурите, по што ќе започне миењето на коловозите и воедно ќе се врши обележување“, вели Мемет Јонузи, Општина Тетово.

Општина Тетово за белите линии издвои средства во износ од 1,5 милиони денари, но овие средства не се доволни. Правилото за одржување на белите линии на патиштата, според општините, налага тие да се бојдасуваат најмалку два пати годишно, за да бидат ефикасни додека Општина Тетово обележувањето на линиите во градот го прави само еднаш годишно.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button