ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Гранични премини: Километарски колони на „Богородица“ и „Табановце“

На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ утрово, за влез и излез од државава, се чека по половина час, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Од камерите, пак, на Јавното претпријатие за државни патишта, поставени на граничните премини, може да се забележи дека има километарски колони возила кои чекаат за излез од државата кон Србија и Грција. Од снимките се гледа дека се пополнети сите сообраќајни ленти на граничните премини.