ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема шанса за уставни измени под бугарски диктат

Од вчера е совршено јасно дека уставни измени под бугарски диктат нема и нема да има. Нема потклеклување кога е во прашање достоинството на народот и Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција.

Advertisements

„Со вчерашната слика завршува една неславна генерација на политичари. Тие се континуитет на една лоша 30 годишна традиција во Македонија, на поединци кои се богатат на грбот на напатениот народ. Ова е целата суштина“, рече Мицкоски.

Тој оцени дека договорот со ЕУ е лош, а е прифатен само од власта.

„Овие луѓе се лоши и за меѓународната заедница. Се што ветија не можат да исполнат, а не можат бидејќи целта не беше иднината на граѓаните. Османи се грижеше за Албанија, а Ковачевски и Пендаровски како да останат на фотелјите. Нема цена под која ќе се сложам за бугарски диктат“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button