На стартот на средното образование-нема книги по англиски и германски
На стартот на средното образование-нема книги по англиски и германски

Два дена пред почетокот на новата учебна година, дел од средношколците се вратија на училиште за да ги предадат книгите од претходната година и да се снабдат со книгите за следната година. Како што велат учениците, повторно се соочуваат со недостиг на книги, а голем дел од нив се оштетени или како што ги нарекуваат учениците, половина книги.
„Нашето одделение ги доби сите книги, но има паралелки кои се уште немаат. Недостигаат учебник по англиски, географија и германски. Можеби учениците лани ги изгубиле, не ги чувале или не ги вратиле“.
„Добив сè, освен географија, германски и англиски јазик кои недостасуваат. Можеби не се вратиле од одмор и не дошле да ги вратат“.
„Проблемот и годинава продолжува со недостигот на книги на германски и англиски јазик. Се надеваме дека следните години ќе имаме“.
Наставникот по географија Бурим Алиу објаснува дека повторно ќе ја нема книгата по географија за втора година гимназија. Според Алиу, книгата била повлечена поради навредите кон албанскиот народ.
„Повторно ќе имаме проблем, особено со предметот географија за втора година гимназија. Книгата постои, знаеме како беше и беше повлечена. Се трудиме, објаснувањата ги правам без книга, со мои подготовки. Давам материјал, истиот материјал е добар, но не ги објаснуваме чувствителните прашања ,тие не ги гледаат, бидејќи порано кога ги гледаа, реагираа“, изјави Бурим Алиу, професор по географија.
Министерството за образование соопшти дека сите учебници кои досега се одобрени ќе бидат доделени до училиштата до 1 септември. Покрај набавката со книги, денешниот ден некои од средношколците го искористија и за добивање на свидетелствата за претходната учебна година.
Мелихате Фазлиу