Комисијата за антидискриминација може да го тужи МОН за недостигот на учебници
Комисијата за антидискриминација може да го тужи МОН за недостигот на учебници

Новата учебна година започна со недостиг на 34 отсто од книгите. Од потребните 126 книги за сите задолжителни и изборни предмети во основното образование, недостасуваат 43. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација нагласува дека оваа година учениците од трето и шесто одделение немаат ниту една книга по задолжителните предмети.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на утрешната седница ќе расправа за можноста за судска иницијатива против Министерството за образование и наука. Оттаму ги потсетуваат граѓаните дека секое лице кое смета дека му е повредено правото на образование, загарантирано со устав, може да го изнесе случајот пред комисијата, пред народниот правобранител или пред суд.
Министерството за образование и наука повеќе пати има изјавено дека обезбедувањето на учебниците кои недостасуваат е во завршна фаза, но од Комисијата посочуваат дека доколку остане на тоа дека една книга сега ќе се печати, преведува и дистрибуира, таа е непостоечка книга за комисијата.
Ајнур Бафќари