Груевски на ФБ откри колку му значат измените во Кривичниот законик
Груевски на ФБ откри колку му значат измените во Кривичниот законик

По вчерашните измени на Кривичниот законик и обвинувањата дека Груевски ќе биде спасен од повеќето казни, денеска реакција од него на социјалните мрежи. „Вакви измени во Законот се говорат во јавноста одамна, околу четири-пет години и од она што можам да забележам од медиумите има многу заинтересирани страни од различни политички провиниенции за истите да се изгласаат“, пишува Груевски. Тој понатаму додава: „Во мојот случај на прогон истите имаат минорно учество. Јас и повеќе мои соработници сме под прогон за несторени работи, на тој прогон заднината е страв од конкуренција и желба за политичка елиминација и тоа се нарекува политички прогон. Тој прогон трае и до ден-денес, а сè уште трае и расте стравот на многумина од неговото запирање или неуспех. И имаат причина за страв!“, напиша Груевски.