ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вработените во Тетовската библиотека избркани од објектот

Вработените во Тетовската библиотека избркани од објектот

На вработените во тетовската библиотека им е наредено да ги напуштат просториите и да се преселат во зграда со уште полоши услови од сегашните. Канцелариите каде што работеа веќе 20 години ќе станат регионална канцеларија на делегацијата на ЕУ. Но, вработените одбиваат да ја спроведат владината одлука и денеска излегоа на протест.

Advertisements

„Владата на Република Северна Македонија денеска и официјално донесе конечна одлука библиотеката во Тетово, која опстојува во мизерни услови во овие простории веќе две децении, да го напушти ова место и да се пресели во просториите зад мене кои припаѓаат на Тетовскиот универзитет, поточно на Факултетот за музички уметности, каде условите се уште полоши“, известува Башким Сулејмани, новинар.
Оваа одлука ги загрижи вработените во библиотеката и одбиваат да ја спроведат. Денеска во знак на протест сите излегоа со поддршка на директорот на оваа институција за да не се спроведе одлуката на Владата.

„Штета што министерката никогаш не нè консултираше дали тие простории се соодветни, дали ни одговараат и дали се соодветни за библиотека. Целата официјална комуникација министерството ја има направено преку Центарот за култура. Добивме само конечна одлука дека мора да ги ослободиме овие простории, но нема да ги ослободиме затоа што тие простори што ни се дадени не ги исполнуваат ниту минималните услови за библиотека. Сите вработени се на ова мислење. Тие се тука подолго од мене и знаат какви услови треба да исполнува библиотеката. Условите каде што ќе треба да одиме не се воопшто добри и ќе останеме вака. Бараме Владата и министерството да ја сменат оваа одлука бидејќи не сме против да нè преместат во подобри услови, но таму каде што нè носат условите се полоши“, рече Резеарта Исмаили- директорка на тетовската библиотека.

Алсат контактираше и со Домот на културата, од каде ни беше потврдена одлуката за иселување во рок од 15 дена. На нивно место тука требало да се отвори канцеларија на Делегацијата на ЕУ.

„Она што во последно време стана тема на дебата за просториите каде што ќе биде сместена библиотеката во Тетово, Владата на Северна Македонија донесе одлука просторот каде што се наоѓа библиотеката да им биде доделен на канцелариите на Европската делегација, додека библиотеката ќе биде преместена во просториите на Факултетот за музички уметности. Рокот е 15 дена од денот на добивање на решението“, нагласи Вулнет Фејзулаху- Дом на култура Тетово.

Инаку, тетовската библиотека веќе две децении работи со недостиг на основни услови за работа, како за изложување на книгите на полиците, така и за чување на архивата и дополнителните книги кои се чуваат во несоодветен простор и повеќе од 50.000 книги полека се уништуваат секој ден. Како тоа да не беше доволно, во многу лоша состојба се чува и дневниот печат кој датира од 1940 година наваму. Од дирекцијата на тетовската библиотека неколку пати било побарано Министерството за култура да им овозможи подобри услови, но тоа никогаш не се случило. Наместо во подобар, сега одат во полош објект.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button