ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

НВО секторот: „Пендаровски да не ги потпишува измените во КЗ“

НВО секторот: „Пендаровски да не ги потпишува измените во КЗ“

Група организации обединети околу Платформата за борба против корупцијата бараат од претседателот Стево Пендаровски да го искористи правото на вето и да не ги потпише измените на Кривичниот законик. Според оваа платформа, со измените на членовите 353 и 353-ф, предложеното намалување на казните ќе резултира со застарувањет на многу случаи од висок профил како што се „Титаник“, „Таргет/Тврдина“, „ТНТ“, „Трезор “, „Талир“, „Шпански скали“, „Траекторија“ и други. Оттаму нагласуваат дека со овие измени ќе се уништи вербата дека борбата против корупцијата е можна и ќе ги демотивира граѓаните да пријавуваат корупција. Според оваа платформа, втората причина поради која Пендаровски не треба да ги потпише измените се процедуралните недоследности и злоупотребата на европското знаме. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button