СПОРТФУДБАЛ

Трајковски: Италија е силна, но Македонија не сака да престане со изненадувањата

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за двата квалификациски натпревари, против Италија и против Малта, низ септемврискиот дел од квалификациите за ЕП 2024. Фокусот на репрезентативците во прв момент секако е кон пресметката со европскиот шампион Италија на 9. септември на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Херојот од бараж мечот во Палермо, Александар Трајковски во интервју за италијанскиот „Тутоспорт“ изјави дека видеото од погодокот на „Енцо Барбера“ се уште го чува во својот телефон.

 

„Голот против Италија постигнат пред година и пол беше најважниот во мојата кариера. Таа победа останува историска страница за нашата земја, но сега сакаме да се обидеме повторно. Знаеме дека Италија е многу силна, но Македонија не сака да престане со изненадувањата. Видеото од голот во Палермо се уште го чувам во мојот телефон“, рече Трајковски во изјава за италијанскиот „Тутоспорт“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button