ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Власта ќе ги празни затворите

Министерството за правда го објави Предлог-законот за амнестија, кој за разлика од верзијата која претходно беше објавена и доставена до политичките партии, претрпе суштински измени. Според предлогот, лицата осудени до шест месеци ефективна казна затвор се ослободуваат, а на лицата осудени над шест месеци, таа им се намалува.

Advertisements

Предлог-закон за амнестија, член 2:
„Осудените лица кои се осудени на казна затвор до шест месеци се целосно ослободени од издржување на казната. Лицата осудени на затворска казна повеќе од шест месеци се ослободуваат од отслужување на 30% од казната“.

Предлогот не предвидува кои дела ќе бидат амнестирани, но одредува за кои кривични дела нема да важи амнестијата.

Предлог-закон за амнестија, член 3:
„Амнестијата не се однесува на лица осудени на правосилна пресуда: доживотен затвор за кривично дело „Убиство“, за кривични дела против изборите и гласањето, за кривични дела против родовата слобода и морал, за кривични дела „Грабеж“ и „ Кражба “, за кривични дела против државата, за кривични дела „Измама на штета на фондови на Европската унија “, „Перење пари и други приходи од кривични дела“, „Злоупотреба на службената положба и овластување “ од член 353, „Несовесно работење“, „Примање поткуп“, „Давање поткуп“, за кривични дела сторени за време на извршување на семејно насилство и насилство по родова основа.“

Амнестијата не се однесува на лица кои во моментот на извршување на делата, кои се предмет на амнестија, биле избрани или именувани лица. Помилување нема да важи дури и за лицата кои биле осудени во отсуство. Постапката за помилување се одвива преку судот кој ја донел првостепената одлука, а затворениците, во случај на негативна одлука, имаат право на жалба.

Законот за амнестија, за кој се шпекулира веќе неколку месеци, има за цел да ги испразни затворите од пренатрупаноста и да ги подобри условите за престој во нив.

Но, ВМРО-ДПМНЕ најави дека предлогот ќе го блокира во Собранието и покрај тоа што е предложен по скратена постапка.

Пренатрупаноста на затворите со години се нагласува во многу меѓународни извештаи во делот на слободите и човековите права, а во извештаите на Народниот правобранител, освен што се наведува дека затворите немаат соодветни услови, не е преземено ништо друго.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button