ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во Кривичен продолжи судењето за Ласкарци

Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење, во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени.
Постолов денеска ќе биде испитуван од адвокатот Љупчо Мицевски, бранител на шестообвинетиот – возачот на автобусот.
Покрај Постолов, во тимот вештаци кои го изготвија сообраќајното супервештачење се и вештаците Јакуп Мамути и Невзат Зеќири.