
Сопствениците на Џенова „777 Партнерс“ купија 94,1 процент од акциите на Евертон и станаа сопственици на англискиот клуб.
Американската компанија од Мајами „777 Партнерс“ постигна договор со Фархад Мошири за купување на сите негови акции од Евертон.
Англискиот тим сега има нови, американски сопственици кои се газди и на Џенова.
„777 Партнерс потпишаа договор со Фархад Мошири за купување на неговиот целосен пакет на акции во фудбалскиот клуб Евертон кои се 94,1 проценти од клупските акции“, стои во соопштението на клубот.