ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Од среда повеќе од 50 прехранбени производи ќе се продаваат со ознака „гарантирана цена“

Владата утре на седница ќе ја утврди листата на производи кои од среда ќе се продаваат по намалена, гарантирана цена, и тие не ќе смеат да поскапат до 30 ноември. Станува збор за 25 категории и над 50 производи од пекарската, месната, млечната и кондиторската индустрија кои во маркетите ќе се продаваат со ознака, а ќе чинат колку што се продавале на 1 август и дополнително на тоа намалени за минус 10 отсто. Ова денеска на прес-конференција го најави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Advertisements

Листата на прозиводите, како што нагласи министерот, е направена според листата на Државен завод за статистика за тоа што најмногу трошат граѓаните.

На оваа листа не се алкохолните и безалкохолните пијалоци, но Бектеши рече оти е уверен дека и тие ќе се продаваат со ознака „гарантирана цена“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button