Од јануари 2024 година се очекува минималната плата во земјава да се зголеми за најмалку 10% или околу 2 илјади денари. Тоа ќе биде резултат на зголемувањето на просечната плата за 14,1 отсто и падот на инфлацијата, соопштија од Министерството за економија. Министерот Крешник Бектеши очекува вкупната инфлација до крајот на декември да биде 7 или 8%. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето-плата која работниците ја примиле во јули достигнала 36.286 денари, а бруто-платата 54.434 денари. Зголемување на платите има во градежниот сектор за 19,5%, во образованието за 17,2 и во јавната администрација за 16,8%. Но, во некои други сектори платите се намалиле. Таков е случајот со рударството каде платите се намалиле за 7,9%.
Read Next
May 20, 2024
Асанж на чекор до конечна одлука за екстрадиција
May 20, 2024
Претседателот Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа, пренесуваат иранските државни медиуми
May 20, 2024
Времето денеска: Променливо облачно со врнежи од дожд и температура до 27 степени
May 19, 2024
Во охридската гимназија нема паралелка на албански јазик
May 19, 2024
Жителите на Палчиште, излегуваат на протести ако не добијат чиста вода
May 19, 2024
Контроли кај матичниот лекар, на секои шест месеци
May 19, 2024
Албанец останува претседал на Парламентот
May 19, 2024
Нема да се игра фудбал во “Политички систем“
May 19, 2024
ДИК, последни подготовки за прегласувањето во среда
May 19, 2024