ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Со измените во Кривичниот, Груевски не се враќа во Македонија

Со последните измени на Кривичниот законик, Никола Груевски нема да се врати во Македонија. До сега не се вратил и по овие измени сигурно нема да се врати. Ова го вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Гласот на Америка“. Тој рече дека измените на Кривичниот законик не се амнестија. На прашањето дали може да гарантира дека Груевски ако се врати, ќе биде изведен пред суд, Пендаровски рече дека како политичар не може да гарантира такво нешто.

Advertisements

Оправдувајќи го потпишувањето на Кривичниот законик, Пендаровски рече дека тоа го направил затоа што самата содржина на измените не провоцира корупција.

Запрашан за коментарот на американскиот Стејт департмент дека корупцијата може да ги поткопа македонските аспирации, Пендаровски рече дека тоа не е во директна корелација со измените во кривичниот законик.

Клучен проблем, според Пендаровски, е неспроведувањето на законите, селективното нивно спроведување или обидот да се најдат дупки во законите.

Шкелзен Аќифи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button