ВЕСТИРЕГИОН

Курти: Има најмалку 30 тешко вооружени луѓе кои се опколени од нашите сили, ги повикувам да се предадат

Премиерот на Косово, Албин Курти на вонредна прес-конференција соопшти дека во областа каде што е убиен наредникот Африм Буњаку има околу 30 тешко вооружени лица опколени од полицијата и ги повикува да се предадат.

Advertisements

„Има најмалку 30 тешко вооружени луѓе, професионалци, војници и полицајци, кои се опколени од нашите сили и ги повикувам да се предадат. Тие се оние кои ја напаѓаат нашата полиција, го убија Африм Буњаку и го ранија Албан Рашити“, рече Курти.

Курти рече дека Африм Буњаку бил брутално убиен за време на службената должност.

Конференцијата ја започна со зборовите „имаше терористички напад врз полиција. Утрово по оркестриран напад животот го загуби Африм Буњаку, Албан Рашити е на лекување, неговиот живот не е во животна опасност, ќе да биде пуштен од болница денеска по операцијата со која е изваден проектил од левата рака“, рече тој, пренесува Експрес.

Курти рече дека „денес е тежок ден за државаат, на полицијата ќе и недостига еден од своите посветени службеници, како што ќе му недостига и на семејството.

„Нападите на вооружените групи со секаков вид оружје каде што беше убиен полицаецот сè уште продолжуваат“, потврди тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button