ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мерко е три месеци на црната листа на САД, а разрешница не доби ниту еден случај

Антикорупциска не е задоволна од постапките на судските органи во државава по одлуката на САД за ставање на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко на црната листа. И по три месеци од ваквата одлука, нема никаква информација што е преземено по наводите на Стејт департментот за сомневањата за корупција, а нема информација ниту што е со пријавите кои Антикорупциска ги поднесе против Мерко.

Advertisements

„Освен тоа дека се работи на нив, немаме други информации. За да бидат граѓаните уверени што се случува и дека не се случува нешто задкулисно, треба транспарентноста малку повеќе да се зголеми и да се каже образложение околу секој предмет до каде е истрагата, на што се работи. Јас лично очекував дека порано ќе има разрешница, некакви резултати заради тоа што јавноста беше заинтересирана не само домашната туку и меѓународната.И некако очекував дека ќе има побрзо резултати“, рече Биљана Ивановска-претседателка на ДКСК.

Антикорупциска до Обвинителството поднесе пријава против Мерко за злоупотреба на службената должност поради фалсификување на податоци за доокрупнување на градежна парцела во Струга.

„Дадени се лажни податоци. Навлезено е во приватен имот и поради тоа поднесовме иницијатива за кривично гонење“, појаснува Ивановска.

Прашавме во Основното јавно обвинителство, до каде се истрагите за Мерко, но одговор не добивме. Против Мерко од 2006 до 2023 година, биле отворени вкупно 30 предмети, од кои 14 се веќе застарени, а 16 се се уште активни.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button