СПОРТФУДБАЛ

Интер Мајами без Лионел Меси, загуби во финалето на УС Опен Купот

Интер Мајами со 2-1 загуби од Хјустон во финалето на УС Опен купот, а Лео Меси поради повреда не играше на овој натпревар, гледаше од трибините и се нервираше.

Advertisements

Тешко му е на Интер Мајами да победува кога го нема Меси во тимот, така беше и на синоќешното финале против Хјустон. Меси и Алаба не беа во составот поради повреди, од големите ѕвезди играше само Бускетс.

Хјустон со голови во првото полувреме направи предност од 2-0. Интер Мајами преку Мартинез постигна гол дури во 92. минута. Во следната акција имаа шанса и за израмнување, но не успеаа. Гостин на Интер Мајами вчера беше и големиот Зинедин Зидан кој му беше соиграч на Дејвид Бекам од времето во Реал Мадрид.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button