ВЕСТИРЕГИОН

(ВИДЕО) Ново невреме ги погоди градот Волос и околината

Грчкиот град Волос, како и околните села, повторно се поплавија, по втор пат во период од неколку седмици, а невремето „Илиас“ ги зафати и областа Тесалија и северниот дел на Евија, каде што исто така има проблеми, јавува МИА.

Жителите на Волос и околината, поминаа тешка ноќ, повеќе делови се без струја и вода, улиците се поплавија и поради обилниот дожд и поради изливање на реката Кравсидонас, а од вчера во градот има забрана за движење, откако од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите.

Од Противпожарната служба на Грција соопштија дека во областа Магнисија, поширокиот регион на Волос од пладневните часови вчера до денеска наутро примиле 1 200 повици, а 257 лица биле пренесени на безбедни локации.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button