Пендаровски: Со иселувањето губиме непроценлив човечки капитал

Во Македонија, не се живее, се преживува. Просјаци и бездомници насекаде, дури и оние кои не бараат милостина едвај преживуваат. Зголемувањето на трошоците за живот го продлабочи јазот во сиромаштијата. Ова е реалната слика на економската криза, која, преточена во официјални бројки, покажува дека сме меѓу првите во регионот со негативен биланс. Најгласен за ова е претседателот на државата, Стево Пендаровски, кој рече дека губиме квалификувани кадри кои емигрираат а целиот овој процес е поради животниот стандард и економската криза.
Пандемијата, војната во Украина предизвикаа дестабилизација на цените, што влијаеше и на монетарната политика на Народната банка, но гувернерката Анита Бежовска рече дека работат на намалување на инфлацискиот притисок и дека денарот во моментов е стабилен.
Според податоците на Евростат, 25% од младите Европејци на возраст од 15 до 29 години биле вработени додека студирале во 2022 година. Во Македонија и земјите од Западниот Балкан, овој процент е 1%. .
Аднан Ќаили