ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Истекува рокот за изградба на автопатот, но на Кичево – Охрид не му се гледа крајот

За три месеци завршува крајниот рок кој Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски и Ејуп Рустеми, директорот на јавното претпријатие за државни патишта, го дадоа дека ќе биде пуштен во употреба автопатот Охрид-Кичево. Тоа е до крајот на оваа година. Но, на теренот, крајот на работите сè уште не се гледа. Туристичките работници велат дека дека странските туристи почнуваат да ги заобиколуваат Охрид и Струга ако треба да дојдат со возило.

Advertisements

„Сè што ќе кажам е неважно кога го гледаме ова ругло овде на влезот во Охрид. Многу луѓе го избегнуваат Охрид, посебно традиционалните гости кои ги имавме од Србија и веќе го избегнуваат овој пат и чекаат да се направи. Има луѓе кои прашуваат кога ќе го направите автопатот за да дојдеме, не сме дојдени 10 години…“, рече Олег Маленко-туристички работник.

Но, иста слика ги чека и оние кои ќе дојдат со авион.

„Автобусите кои доаѓаат на аеродром да ги земат странските туристи, кога ќе излезат, првата слика на гостите е како да доше во Бејрут или во некоја таква држава…“, вели Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

Туристичките работници денеска имаа средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Toj рече дека според она што се гледа на теренот, овој автопат не ѝ е воопшто приоритетен на Владата. Им рече дека во партијата во моментов прават скрининг на состојбата и фазата на изградба во која се наоѓа автопатот, по што, како што рече, кога ќе дошле на власт, ќе имаат точен рок за негово завршување.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button