ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите на населбата 146 во Тетово немаат вода

Повеќе од две децении населбата 146 во Тетово страда од недостиг на вода за пиење.
Овој проблем во оваа населба во Тетово трае со години, но и со години се ветува поправка на водоснабдителниот систем, но нема резултати. Во иста ситуација се и селата Порој и Џепчиште, каде уште пред повеќе години беа однесени цевки за нов водоводен систем, но со години останаа на сонце и проблемот не е решен.

Advertisements

Жителите се жалат дека за да обезбедат вода за пиење, мора да полнат пластични резервоари штетни по нивното здравје.

„Извадив четири кофи со кал од овој резервоар. Кал, во права смисла на зборот. И со оваа вода треба да миеме садови, а за пиење не е. За да пиеме, одиме до чешмата долу и полниме шишиња…“

„Според условите што ги имавме, го поставија водоводниот систем одозгора, но сè уште не е пуштен. Ја користиме водата од планината. Полниме во буре кога доаѓа водата ноќе. Тоа е многу опасно, но ние го користиме за миење, за пиење. Потоа полниме и во Арабати долу, тоа е…“

„Не, нема вода. Отворив бунар за себе. Понекогаш водата доаѓа, но многу ретко, мора да ја следиш кога ќе дојде. Повеќе со буриња“, реагираат жителите.

Од општина Тетово за Алсат рекоа дека работите на водоводот ќе почнат наскоро бидејќи, според нив, јавната набавка била завршена.

„Јавната набавка заврши. Наскоро компанијата ќе излезе и ќе го види проблемот што го има оваа населба и ќе започне со работа“, рече Бесар Дурмиши, Општина Тетово.

Населбата 146 брои приближно 600 куќи, од кои над 200 се во процес на легализација, а бројот на жители е околу 2.000. Поголемиот дел од населбата се прошири по 2002 година, кога започна изградбата на улицата позната како улица ОНА.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button