ВЕСТИЗДРАВСТВО

Здравството бара 30% повисоки плати или ќе има протести

Зголемување на платите за 30% за здравствените работници и техничкиот персонал, нов колективен договор, бенифициран работен стаж за вработените во итната медицинска помош, радиографија и во психијатриската болница, како и итна промена на договорите – од договори на определено, со договори на неопределено време. Ова се барањата на Самостојниот синдикат на здравствените работници. Следната недела ќе има предупредувачки протест на работните места. Во времето на полчасовната пауза, тие ќе го изразат револтот, но сепак нема да ги остават без услуги пациентите.

За овие барања Независниот синдикат ќе ги извести министерот и Владата, а доколку не добијат одговор, протестите ќе се радикализираат. Според синдикалците, просечната плата на околу 25.000 вработени во здравството е пониска од просечната во државава, додека почетната плата на здравствените работници е 20.700 денари. За лекарите таа изнесува од 32 до 35 илјади денари, а на специјалистите максимум 45 илјади денари.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button