МАКЕДОНИЈА

БЕСА до ДУИ: Автопати има само кон Грција, Србија и Бугарија, а кон Косово и Албанија?

Движењето Беса ја обвинува Владата дека поради фокусирање во бизнисот со казина, ги заборава важните проекти. Според оваа партија, додека Владата носи одлуки за отворање на казина и за развој на овој деструктивен бизнис за општеството, граѓаните и понатаму користат дотрајани и опасни улици и патишта. Обвинувањата за тоа од оваа партија ги упатија на адреса на ДУИ.

„Со децении во Владата ДУИ само ветуваше развој на инфраструктурата, но не постигна ништо. Земјата е поврзана со автопат со Грција, со Бугарија и Србија, но никогаш не успеа да се поврзе со Косово и Албанија. Автопатот Кичево-Охрид останува само ветување и проект од кој ДУИ, како дел од власта, само ги краде граѓаните со ребуџетирање и пренасочување на стотици милиони евра за овој автопат кој 10 години не е завршен. Истото е и со автопатот Скопје- Блаце. Десетици ветени рокови за изградба на првите 2 километри кои сè уште не се завршени“, рече Бесар Дурмиши, Движење Беса.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button