Новото училиште во Визбегово нема да проработи годинава

Новото училиште во Визбегово нема да биде пуштено во употреба до крајот на 2023 година. Од Министерството за образование велат дека во овој период треба да се завршат сите административно-технички постапки поврзани со поставувањето на трафостаницата за електрична енергија. Жителите на Визбегово сметаат дека одложувањето е намерно, со цел да се добијат политички поени.
Поради одложувањето на рокот за отворање на училиштето во Визбегово, Министерството за образование ги предупреди Општина Бутел и Општина Чаир, да продолжат да обезбедуваат превоз на учениците од оваа населба до училиштата каде што учат.
„Веројатно се очекува изборна кампања, бидејќи училиштето е изградено, подготвено да се пушти. Училиштето 26 јули е преоптеретено со ученици…“
„Тоа е политичко прашање, го чуваат за гласови, дека следната година ќе има избори. Имам внук во „26 јули“, го испраќаме со автомобил и го земаме“, велат жителите.
Мелихате Рустеми