ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пензионерскиот дом во Чаир без парно греење

Грејната сезона започна во Скопје, но не и во Пензионерскиот дом во Чаир. Причина за ова е прекинот на снабдувањето со топлинска енергија од зграда, која се гради зад зградата на пензионерите. Властите велат дека проблемот ќе биде решен во текот на денот.

Оваа пензионерка кажува како багерите ги отсекле цевките за снабдување со греење и предизвикале пукнатини во ѕидовите.

Од топланата Скопје-Север, велат дека го санираат проблемот за да стигне топлинска енергија.
Во овој пензионерски дом се сместени 48 лица, кои плаќаат 20 евра кирија. Но, лишени се од правото на централно греење според раководителот, поради технички дефект зад зградата.

„Имаше дефект, тука се гради зграда во наша близина, но работите се прекинати бидејќи е без градежна дозвола. Од Општина Чаир велат дека се информирани од медиумите, и не знаат кои се инвеститорите, тоа е многу смешно. Ги закачиле цевките и имало прекин. Пред еден час бев информиран дека работат на санација, и се разбира, ќе не известат дали ги завршиле работите“, рече Неваип Рамадани, раководител на Пензионерски дом, Чаир.

Иако има пријавено дефекти во Кисела Вода и други подрачја, од ЕСМ велат дека без поголеми проблеми е започната сезоната на централно греење.. Граѓаните добија греење по стара цена. Во моментов, Регулаторната комисија за енергетика не одлучува за новата цена, се додека не се постави нов цевковод долж мостот Беласица.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button