ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претседателот на бугарската Фондација „Македонија“ доби забрана за влез во земјава

Претседателот на бугарската Фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, добил доживотна забрана за влез во Северна Македонија, пишува порталот Лупа.бг. Тој веќе имал забрана за влез во земјава во траење од една година и три месеци по чиј истек се упатил кон Скопје, но на граница бил вратен назад бидејќи забраната му била продолжена на неодредено време.

Advertisements

„Нема причина да не ми биде дозволен влез во земјата. Немам ни казна за непрописно паркирање таму, но не сум пожелен. Во РСМ имам спроведено над 500 хуманитарни иницијативи, се обидов да му помогнам на Скопје побрзо да влезе во ЕУ, како и да ги зближам двата народа. Наместо благодарност, добив забрана. Ќе ја запознаам со ова Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) при Советот на Европа. На овој начин работите нема да останат незабележани“, изјавил Стојанов за Лупа.бг.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button