ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Еврокомесарот за правда со критики за измените во Кривичниот законик

Еврокомесарот за правда Диди Рејндерс за време на престојот во Скопје денеска рече дека ЕУ и Европската комисија се загрижени како Владата успеала да одобри измени во Кривичниот законик без воопшто да се консултира со Брисел, па дури и да го злоупотреби знамето на ЕУ.

Advertisements

„Прво, бевме изненадени од промените донесени во отсуство на ефективна дебата и консултации за ваква реформа. Пред да се направат какви било промени, нагласувам дека е многу важно прво да има размена на мислења со Европската комисија. Нашата позиција како земји-членки не може да биде воздржана од носење закони под знамето на ЕУ по брза постапка. Прашањето за промените, последиците, ефектот врз субјектите и сè останато ќе биде тема на разговор и на билатералните средби. Загрижени сме за кривичните гонења и сакаме гаранции дека судењата во случаите за корупција од висок профил како оние што ги видовме во последните месеци, нема да бидат тргнати на страна“, рече Диди Рејндерс, европски комесар за правда.

Рејндерс ги критикуваше и случувањата во последните неколку месеци во Судскиот совет и нивните постапки кои не се во согласност со препораките дадени од извештајот на Европската комисија за владеење на правото. Каква ќе биде содржината на извештајот, Рејндерс иронично рече дека треба да се почека уште неколку месеци додека да биде готов.

„Оние промени што беа направени во Судскиот совет, важно е да се нагласи дека треба да се обезбеди добар процес на промени врз основа на препораките што ги даваме во сферата на владеењето на правото заедно со земјите-членки“, додава Рејндерс.

Овие изјави Рејндерс ги даде покрај министерот за правда Кренар Лога, кој во своето образложение за последиците од измените во Кривичниот законик врз судските предмети, се бранеше со тоа што лично тој не ги потпишал предложените измени и оти кога текстот бил доставен до Собранието тој бил во странство.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button