ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меџити, Гаши и Касами ќе ја официјализираат изборната соработка

Следната недела се очекува партиските тела на партиите кои го сочинуваат албанскиот опозициски фронт да донесат одлука за официјализирање на нивната соработка на претстојните парламентарни и претседателски избори. Од Демократското движење, Движењето Беса и Алтернатива велат дека вратите за влез во овој блок се отворени за секој политички субјект кој сака промени во албанскиот политички табор.

„Имаме интензивирани средби со граѓаните и партиските органи. Верувам дека во наредните денови трите субјекти ќе одржат состаноци во нашите тела и оти следната недела ќе дадеме јасен налог за платформата, кандидатот и сите други прашања со кои ќе покажеме дека овојпат Албанците имаат силна опозиција и која не завршува со овие три субјекти, туку ќе ги отвори вратите за интелектуалците, невладините организации и другите субјекти и сите што сакаат промени во Македонија“, рече Меџити.

Албанската опозиција ќе има свој кандидат за претседател, но не се знае дали некој од лидерите може да биде кандидат или некој ќе биде именуван со заеднички консензус.

„Ние кажавме дека нема да дозволиме Албанците да бидат само поддржувачи и да немаат свој кандидат на претседателските избори. Не сме разговарале за имиња и од каде ќе дојдат, туку отсега велам дека ќе биде претседател кој ќе обединува и ќе направи сериозна конкуренција, ќе биде клучен фактор на следните претседателски избори. Не зборуваме дали тоа ќе биде еден од нас“, додаде Меџити.

Меџити, Касами и Гаши изјавија дека секој датум за избори е прифатлив за нив и оти претседателските и парламентарните избори треба да се одржат заедно за да се избегне неразумно трошење среде економската криза.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button