ВЕСТИЕКОНОМИЈА

„Пуцко петрол“ добил половина од тендерите за нафта за греење

Парите од јавните набавки и годинава одат за приватни фирми блиски до политичарите од власта. Скоро половина од тендерите за нафта за греење на државните институции ги добила фирмата Пуцко Петрол од Пласница, во сопственост на семејството на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски. МВР и уште неколку касарни, државни болници и јавни установи се само дел од клиентите на оваа компанија кои зимава ќе купат илјадници тони нафта за греење, иако за нив со години се ветуваше дека ќе се гасифицираат. Официјалните податоци што ги обезбедивме оваа компанија ја рангираат на првот место.

Јавни набавки на нафта за греење

„Меѓу компаниите кои добиле најмногу тендери за набавка на нафта за греење е „Пуцко петрол“ со вкупно 173 добиени тендери од вкупно 360 што биле распишани низ државата.“

Околу 700 јавни објекти низ државата и оваа зима ќе продолжат да се греат на дизел и мазут. Само во Скопје има околу 100 јавни објекти и тоа болници, градинки, училишта, судови и други институции кои користат нафта и мазут и покрај тоа што градот има парно греење. Овие податоци ги истражуваше Граѓанската иницијатива „Шанси за Центар“, која алармираше дека граѓаните годинава ќе се трујат со загаден воздух заради нечии приватни интереси. Јане Димески од ова здружение вели дека државата отсекогаш за загадувањето ги обвинувала домаќинствата, но никогаш не го решила проблемот со отстранувањето на фосилните горива што се користат во државните институции.

„Денешната политика како што ја водат овие луѓе гази преку сè само за да дојде до профит, не гледаат загадување. Оваа работа е апсолутно забранета, парите и бизнисот немаат милост, газат сè“, реагираат граѓаните.

Ништо подобри не се и другите градови како Тетово, Куманово, Битола, Прилеп, Охрид, Штип и Гостивар, велат екологистите. Доколку зимата е студена, овие институции можат да согорат над 16,5 милиони литри дизел и над 4,8 илјади тони мазут. Од еколошките здруженија велат дека освен што граѓаните ќе дишат загаден воздух, ќе греење на овие институции ќе треба да платат и 20 милиони евра.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button