ЗДРАВСТВО

„Онкологија“, во Анкетната комисија обвинувања за државната Агенција за лекови

Агенцијата за лекови „Малмед“ не ја доставила комплетната документација што ја побара Анкетната комисија за скандалот со онкологија во Собранието, тврди претседателката на оваа комисија Рашела Мизрахи. Според неа, фактичката состојба треба да документира што се случувало на Клиниката. Мизрахи рече дека кога и по втор пат биле побарани документите, тие не биле доставени во целост, како што се барало. Тоа би помогнало да се расветли можна манипулација со скапите терапии за рак и нивна препродажба на црниот пазар од страна на медицинскиот персонал, што наводно предизвикало бројни смртни случаи на пациенти и влошување на здравјето на други.

Но, претставници на Агенцијата за лекови „Малмед“ кои беа присутни во салата рекоа дека нивната институција нема надлежност да ја контролира злоупотребата во ниту една јавна здравствена установа. Заменик-директорот на „Малмед“, Роберт Бекировски, рече дека извршиле инспекциски надзор, но не откриле проблем.

Пратеникот Антонио Милошоски го праша Бекироски какви се деловните односи меѓу „Малмед“ и продавачите на големо, односно веледрогеријата „Пановски“ и дали имале некакви инспекции во објектите на оваа фирма? Но, Бекироски не сакаше да коментира за индивидуални трговци. Рече дека за „Малмед“ сите 487 се еднакви.

Според Милошоски, тоа го докажува и пресудата на Апелација, со која глобата што првично и беше изречена на оваа веледрогерија била сведена на опомена. Затоа рече дека неслучајно се ставаат проверени партиски кадри во „Малмед“. Расправата продолжува во Собранието каде на следните седници ќе бидат консултирани и експерти од други институции. Досега сведочеа поранешните министри за здравство и други лица инволвирани во случајот онкологија. Во оваа Клиника постои сомневање дека во последните 10 години биле правени манипулации со скапите биолошки терапии против рак. Јавното обвинителство поведе и предистражна постапка.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button