ВЕСТИЗДРАВСТВО

Штрајкот на приватните специјализанти времено ставен во мирување

Приватните специјализанти привремено го ставаат генералниот штрајк во мирување поради пациентите, сензитивноста на периодот и отежнатата работа на клиниките во комплексот „Мајка Тереза”, но секој вторник за време на паузата ќе излегуваат во паркот пред интерните клиники за да потсетат дека треба да се решат нивните барања.

Доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, рече дека јавно се оградуваат од било каква политичка поврзаност и мотивираност. Единствениот мотив за штрајкот, како што посочува,  бил што биле доведени до работ на егзистенција. Таа упати порака во името на своите колеги дека нема да се отстапат додека не се решат нивните барања и дека веднаш по изборите ќе побараат решавање на проблемите.

– Во знак на изразување на револт што нашите барања се уште не се прифатени, приватните специјализанти од следната недела, секој вторник за време на својата пауза, во 11 часот ќе се собираат во паркот пред интерните клиники, со цел да покажеме дека сме тука, постоиме и чекаме да се решат нашите проблеми, рече Илиоска Чешлароска, изразувајќи благодарност до колегите државни специјализанти и специјалисти кои им даваат поддршка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button