ВЕСТИЗДРАВСТВО

ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување

Државниот здравствен и санитарен инспекторат забрани лица кои немаат договор за вработување со институцијата да пристапат до Клиниката за токсикологија. Инспекторите претходно утврдија дека повеќе лица незаконски вршеле здравствена дејност на Клиниката за Токсикологија, а дел од нив биле и без соодветно образование. Но, по опомената од инспекторатот не се променило ништо и лицата кои се со истечени договори уште минатата година, продолжиле да даваат здравствени услуги.

Скандалот на Клиниката за Токсикологија изби откако вработените се пожалија на непрофесионалното работење на економската директорка, Бесија Иљази и обвинија дека го саботира вработувањето на стручен кадар, а фаворизира враќање на работа на лица со истечени договори на дело, поради што и токсиколошката лабораторија два месеци не вршела валидација на издадените резултати за пациенти. Претходно, министерот за здравство Илир Демири кажа дека имал сознанија за навреди на национална основа од вработените кон 18-те лица на кои им истекоа договорите за дело и дека нема да толерира такво однесување, по што најави дека ќе го разреши медицинскиот директор Данил Петровски. Во однос на економската директорка Иљази, министерот кажа дека нема сознанија за прекршоци.

„Првото решение беше решение за опомена, а ова сега ќе биде решение за забрана. Доколку не ја почитуваат забраната, ќе одиме со казни. Казните треба да ги провериме во Законот колку изнесуваат, тие секако ќе бидат парични казни, коишто ќе се однесуваат и на медицинскиот и на организацискиот директор, но и на установата“, рече Рената Младеновска – директор на ДСЗИ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button