КОШАРКАСПОРТ

Лука Дончиќ и Далас доминираа во Лос Анџелос

Екипата на Далас Маверикс направи голем исчекор напред кон следната фаза во плејофот на НБА. Тимот убедливо победи на гостински терен кај Лос Анџелес Клиперс (123-93) и така обезбедија меч топка пред својата публика.

Човек на натпреварот беше Лука Дончиќ, кој уште еднаш покажа дека е вистинска кошаркарска магија. Словенецот беше неизвесен за овој натпревар затоа што беше повреден и имаше проблеми со коленото, но излезе на терен и одигра феноменално. Доказ за доминацијата на Далас е што домашните гледачи почнаа предвреме да ја напуштаат салата, затоа што од Џорџ, Харден и дружината не го добија она кое го сакаа…

Главниот играч на Далас Маверикс го заврши дуелот со 35 поени, 10 асистенции и седум скока, а доказ за неговата доминација е што имаше дури 20 поени повеќе од вториот стрелец на натпреварот – Клебер со 15 поени.

Кај ЛА Клиперс, Џорџ и Зубац реализираа по 15 поени. Следниот натпревар кој може да го даде победникот во оваа серија е закажан ноќта во петок кон сабота од 3:30 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button