СПОРТ

Медведев: Сакам победа против Синер, Ѓоковиќ и Алкараз

Четвртиот светски тенисер, русинот Данил Медведев, ја одушеви спортската јавност со неговата скромност, изнесувајќи многу позитивни мислења за своите најголеми ривали, Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер и Карлос Алкараз.

Медведев смета дека уште може да напредува во кариерата и изјави дека ривалите се подобри од него, иако и самиот не квалитативно далеку од нив.

„Во спортот секогаш има ривали против кои е тешко да се игра. И во моментите кога ќе помислите дека некој паднал во формата, тие доаѓаат и ве „дробат“. Таков е случајот со Синер, Ѓоковиќ и Алкараз, но и со останатите во Топ-10.  Јас мислам дека напреднав многу низ годиниве, но секогаш има простор за уште поголем прогрес. Тоа може да се оствари само со напорна работа и строга дисциплина. Најголем предизвик ми е да славам над некој од нив“, рече русинот.

Медведев во моментов е веднаш зад водечката тројка на АТП листата, а на Мастерсот во Рим има шанса да стигне до четвртфиналето, ако успее да го мине американецот Томи Пол.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button