(Не)достигнувањата на Лога во Правда

Пред да го заврши едногодишниот мандат, министерот за правда, Кренар Лога, потфрли во трите определби што политички се заколна дека ќе ги исполни: административно упатство за етничка припадност во матичните книги на родените, спречувањето на Кривичниот законик со одредби за амнестија, и денес Законот за амнестија. Лога беше против Кривичниот законик, кој се усвои, но беше за законот за амнестија а тој не помина. Министерот за правда, најави дека непоминувањето на амнестијата нема да донесе политички последици во парламентарното мнозинство.
„Ако се блокира, ќе испратам до сите пратеници албум со фотографии за затворските услови во Идризово, ќе им испратам и огледало за да се видат себеси пред огледалото, јавноста и семејството. Не можеме да дозволиме луѓето осудени за небрежност да се вратат како криминалци дома“, велеше Лога.
За донесување на Кривичниот законик без негов потпис, Лога изјави дека предлогот бил доставен до Собранието кога бил во странство, и дека неговата заменичка го искористила неговот отсуство за да го достави до Собранието.
„Овластувањето е дефинирано во Законот за Влада, така што јас не сум некој што овластува или не во државата“, велеше Лога.
На 27 септември, Лога се најде немоќен пред Уставниот суд, кој го отфрли административното упатство за изводи од матичната книга на родените како неуставно, поради фактот што е објавено во Службен весник надвор од уставните рокови. По ова тој поднесе десетици иницијативи до Судот, кои исто не биле објавени навреме во Службен весник, и рече дека Уставниот суд ја отворил Пандорината кутија. Тој најави и дека ќе изготви ново упатство само за изводи од матична книга на родени, но досега нема ништо конкретно. Неодамна, тој најави нов предлог-закон за помилување, кој го намалува правото на претседателот за аболиција во предистрага, истрагата, обвинение и по ефективна пресуда.
Адриан Керими