ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЈСП не ги враќа на работа 27-те отпуштени

27-те отпуштени од Јавното сообраќајно претпријатие бараат да се вратат на работа. Од синдикатот на ЈСП велат дека од работа бил избркан витален дел од персоналот.

Првиот човек на овој синдикат, Миќо Стојановски, рече дека се во преговори со дирекцијата да се вратат дел од избрканите, во спротивно се подготвени да штрајкуваат со сите 1.150 вработени кои останаа во ЈСП.

Од синдикатот велат дека 1/3 од вчера отпуштените од ЈСП имале повеќе од 5 години работен стаж, но за да не се прекршат законите, Дирекцијата им го прекинала работниот стаж во текот на месец јули.

Од Јавното претпријатие во Скопје соопштуваат дека никој не е отпуштен, но на лицата кои, како што велат, по наредба од партија, биле додадени на платниот список на претпријатието, им истекле договорите за работа и истите не се продолжени. „Со години различни градски администрации на претпријатието се однесувале кон ЈСП како кон приватен бизнис од кој на секој можен начин се обидувале да извлечат лична корист со цел полнење на своите џебови на грбот на скопјани, велат од претпријатието.

„Претходните администрации во претпријатието тоа го правеле преку наместени тендери, криминал и корупција и партиските вработувања кои станаа рак рана на македонското општество. Поради ваквото работење, претходните администрации создадоа во ЈСП структурни проблеми за кои ќе бидат потребни години за да се решат“, наведуваат од ЈСП.

Договорите не се продолжени и други јавни претпријатија, како што се Комунална хигиена, Паркови и зеленило и Водовод и канализација.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button