СПОРТФУДБАЛ

По долгата пауза, Педри се враќа во тимот на Барселона

Фудбалерите на Барселона, во дербиот на колот во Примера, ќе гостуваат во Сан Себастијан кај Реал Сосиедад. Во пресрет на дербито тренерот Чави Ернандез потврди дека може да смета на Педри. Шпанскиот репрезентативец е надвор од терените од крајот на август, требаше да се врати за 45 дена, но рехабилитацијата траеше подолго од прогнозите.

Advertisements

Тој требаше да настапи на последното „Ел Класико“, односно биде барем резерва, но и тогаш не беше целосно подготвен. На листата повредени се уште се Френки де Јонг и Серхи Роберто.

Натпреварот Реал Сосиедад – Барселона е закажан за в сабота од 21 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button