СПОРТФУДБАЛ

Пол Погба е суспендиран од фудбалот во следните две години

“Ла Газета Дело Спорт“ пишува дека Пол Погба е суспендиран од фудбалот во следните две години, откако падна на два допинг теста. Според најавите, ќе се врати во 2025 година, кога ќе има 32 години.

Некои шпекулации велеа дека Погба ќе го чека четиригодишна суспензија, но најавите не се остварија. Погба падна на допинг тест, а потоа повторениот примерок покажа уште еднаш позитивен тест, по што беше познато дек го чека долга суспензиј. Јувентус сега би можел да му раскине договорот и тој повеќе да не биде дел од „бјанконерите“.

Погба во 2022 година се врати во Јувентус, откако претходно беше дел од Манчестер Јунајтед. Меѓутоа по враќањето во Торино не се наигра, со оглед дека долго време го мачеа повреди. По неговото враќање одигра едвај 213 минути, што е премалку за амбициите и очекувањата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button